СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, поднесе кривична пријава против Д.А. (74) од Штип под сомнение за тешко убиство и противправно лишување од слобода, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, осомничениот во својот дом без волја ја држел 79-годишната Б.Н. од Штип, а потоа со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани од кои таа починала. Потоа телото го закопал во дворот

Случајот бил пријавен на 24 октомври, кога Д.О. (84) од Штип ја известила полицијата дека нејзината сестра Б.Н. се оддалечила од домот.

По преземени мерки и сомнение дека жената е противправно задржана во домот на Д.А., на 10 ноември, со судска наредба, бил извршен претрес при што биле пронајдени предмети и траги од крв. Осомничениот веднаш бил лишен од слобода, му била изречена мерка притвор од 96 часа и бил спроведен во Затвор Куманово.

По дополнителни проверки и вештачења на одземените траги, Д.А. повторно бил повикан на разговор, каде што детално го опишал начинот на извршување на убиството.

Телото на жртвата е пронајдено и предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил притвор во траење од 30 дена.

Полицијата продолжува со целосно расчистување на случајот.

globe

Слични новости

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски