Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, поранешен член на Националното собрание, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.
Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран пред само неколку минути во населбата Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени мажи, во цивилна облека, пристигнаа со четири возила и на сила го однесоа. Бараме негово итно ослободување, напиша Мачадо рано утрово на социјалната мрежа X.
Рамон Гуанипа, син на опозиционерот, потврди дека неговиот татко е киднапиран и изјави дека го киднапирале десет неидентификувани лица.Партијата „Примеро Јустиција“ на Гуанипа го осуди киднапирањето на својот лидер, од страна на репресивните сили на диктатурата.
Слични новости
Германија вложува милијарди во сопствена мрежа на сателити како одговор на Старлинк
Германија планира да вложи 35 милијарди евра во шпионски сателити, вселенски авиони и офанзивни ласерски системи во рамките на воено-вселенскиот план на земјата.
Идентификувани агентите кои пукаа врз Алекс Прети
Убиството на Прети предизвика бран протести ширум Америка, а царинската и граничната заштита досега одбиваше да ги објави имињата на агентите и откри многу малку детали за смртоносниот инцидент.
24 часовен штрајк на јавниот превоз во Германија
Германија се соочува со голем 24-часовен штрајк во јавниот превоз, на кој повика синдикатот Верди и кој опфаќа околу 150 комунални и претпријатија за локален транспорт.
