Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, поранешен член на Националното собрание, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.

Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран пред само неколку минути во населбата Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени мажи, во цивилна облека, пристигнаа со четири возила и на сила го однесоа. Бараме негово итно ослободување, напиша Мачадо рано утрово на социјалната мрежа X.

 Рамон Гуанипа, син на опозиционерот, потврди дека неговиот татко е киднапиран и изјави дека го киднапирале десет неидентификувани лица.Партијата „Примеро Јустиција“ на Гуанипа го осуди киднапирањето на својот лидер, од страна на репресивните сили на диктатурата.

 

Слични новости

Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници

Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.

Путин и Си Џинпинг разговараа за зајакнување на соработката меѓу Русија и Кина

Путин истакна дека трговската размена меѓу Русија и Кина надмина 200 милијарди долари трета година по ред, додавајќи дека сеопфатното партнерство и стратешката интеракција на двете земји служат како пример за меѓународна соработка.