Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, поранешен член на Националното собрание, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.
Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран пред само неколку минути во населбата Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени мажи, во цивилна облека, пристигнаа со четири возила и на сила го однесоа. Бараме негово итно ослободување, напиша Мачадо рано утрово на социјалната мрежа X.
Рамон Гуанипа, син на опозиционерот, потврди дека неговиот татко е киднапиран и изјави дека го киднапирале десет неидентификувани лица.Партијата „Примеро Јустиција“ на Гуанипа го осуди киднапирањето на својот лидер, од страна на репресивните сили на диктатурата.
Слични новости
Најсилен напад на Украина врз Русија од почетокот на војната
Украина го изведе најсилниот напад врз Русија од почетокот на војната, а погодени биле неколку руски области, при што главна цел на нападите биле енергетските постројки.
Анкетите во Бугарија покажуваат дека Радев е фаворит на претстојните избори
Доколку изборите се одржат сега, коалицијата на Румен Радев би добила 25,6 отсто од гласовите на оние кои се изјасниле дека ќе гласаат. На второ место е ГЕРБ со 15,4 проценти
Швајцарија: Воз со 80 патници излета од шините по лавина
Воз излета од шините во областа Гопенштајн во швајцарскиот кантон Вале откако лавина ја погоди пругата. Полицијата потврди дека е во тек операција на местото на настанот и дека неколку лица се повредени.


