Кејт Балншет смета дека ноќта на оскарите и другите награди кои ги доделува филмската индустрија треба да бидат приватни и да не се емитуваат на телевизија. Двојната добитничка на Оскар Бланшет вели дека во денешно време има се помалку места каде што може да имате приватност, без телефони и без ризикот дека некој ве снима.

„Затоа ги сакав 80-тите кога излегувавме на забави. Луѓето се забауваа колективно. Беа присутни и си поминуваа одлично. Немаше агресивност. Никој не беше сниман. Никој не се грижеше што ќе направи“, вели Кејт Бланшет.

Бланшет вели дека знае оти ќе биде осудена за идејата Оскарите да се вратат во времето кога не беа директно пренесувани на телевизија.

„Црвениот килим, модата, се е тоа одлично. Но, ние треба да го прославуваме она што го работиме, без да мислиме на тоа како не перцепира публиката.“

Кејт Бланшет го освои првиот Оскар во 2005 за „Авиатор “, а вториот во 2014 за „Тажниот Јасмин“, а досега имаше и шест други номинации за Оскар.

Церемонијата на доделувањето на оскарите директно се пренесува на телевизија од 1953.

 

Слични новости

Космонаутите на НАСА се вратија на Земјата по девет месеци на веселенска станица

Космонаутите на НАСА се вратија на Земјата по девет месеци на веселенска станица

Космонаутите на НАСА Суни Вилијамс и Буч Вилмор, кои го привлекоа меѓународното внимание кога нивниот планиран осумдневен боравок во вселената прерасна во мисија која траеше повеќе од девет месеци, конечно се вратија на Земјата.