Американската поп-ѕвезда Кети Пери ќе лета во вселената со ракета управувана од „Blue Origin“, компанијата на милијардерот Џеф Безос, објави вселенската компанија.
Пејачката на групата „Roar“, 40-годишната Пери се придружува на шестчлениот целосно женски тим кој ќе лета на претстојната мисија „New Shepard NS-31“ организирана од новинарката Лорен Санчез, сопруга на еден од најбигатите луѓе на планетата.

Тимот се состои од Пери, ракетниот научник Ајша Боу, биоастронаутичкиот научник Аманда Нгујен, ководителката на телевизиската програма CBS Mornings, Гејл Кинг, филмскиот продуцент Керијан Флин и Санчез.
Ова ќе биде 11-ти човечки лет за програмата „New Shepard“ до работ на вселената.
Во објава на социјалните мрежи, CBS Mornings наведува дека Кинг ќе „оди таму каде што малкумина отишле претходно“ и дека гледачите ќе можат да „го гледаат Гејл како оди на небото“ на пролет.
Педесет ипетгодишната Санчез во видео објава на социјалните мрежи рече дека се надева дека мисијата ќе ги инспирира луѓето да имаат „големи соништа“.
„Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе можам да одам во вселената, ќе се насмеев“, рече таа. „Не можам да верувам дека ова се случува. Татко ми ги учеше луѓето како да летаат, а јас се вртев околу хангарот и мислев дека сонувањето да станам пилот е голема работа, а ова е уште поголемо“.
Таа додаде: „Неверојатните жени кои го земаат овој лет се извонредни на сите нивни полиња, но уште поважно, тие се неверојатни раскажувачи“.
Санчез рече дека се надева дека овој лет нема да биде инспиративен само за нив, туку и за сите луѓе на кои ќе им ја раскажат својата приказна. „Се надевам дека ќе ја поттикне фантазијата да сонуваме големи и да посегнеме по ѕвездите.
„Blue Origin“ ќе ги носи туристите на кратки летови во вселената, почнувајќи од 2021 година. Некои патници добија бесплатно патување, додека други плаќаа огромни суми за да доживеат бестежинска состојба.
Слични новости
Слаба посетеност на кината во Америка и покрај тоа што е недела на Оскарите
Главна причина за овој феномен е што повеќето филмови кои беа номинирани за Оскар публиката може да ги гледа од дома на некоја од стриминг платформите.
Хит претставата Отело на Бродвеј заработи 2,6 милиони долари по само седум изведби
Класичната драма „Отело“ на Вилијам Шекспир во која играат Џејк Гиленхал и Дензел Вашингтон, заработи неверојатни 2,6 милиони долари, по само седум...
Режисерот на документарецот за Принц го нападна Нетфликс за откажување на емитувањето
Езра Еделман, режисерот на деветчасовниот документарец за музичкатаѕвезда Принц изјави дека одлуката на Нетфликс да не го емитува неговиот документарец на стриминг платформата е кратковида