Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН. Томас доаѓа во Милвоки како слободен играч, откако Бруклин го отпушти по истекот за трејд.
Томас во претходните две сезони беше најдобар стрелец на Бруклин Нетс, а минатата сезона имаше просек од 24 кошеви по натпревар.
Тој рече дека го избрал Милвоки затоа што покажуваат интерес за него со години и дека е среќен што му се реализира оваа прилика.
Слични новости
Тажен крај за Вавринка во Мелбурн, откако беше поразен од Фриц
Швајцарецот Станислас Вавринка денеска го одигра последниот меч на Австралија Опен, откако најави дека на крајот од оваа сезона ќе се пензионира.
НБА : Десеткуваниот Денвер го победи Милвоки
Тимот на Денвер Нагетс кој игра десеткуван поради повредите на двајцата главни играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари продолжува со победите на гостувањето на Истокот.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако во третото коло го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандсхулп со 3:0. ( 6:3, 6:4, 7:6).


