Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН. Томас доаѓа во Милвоки како слободен играч, откако Бруклин го отпушти по истекот за трејд.

Томас во претходните две сезони беше најдобар стрелец на Бруклин Нетс, а минатата сезона имаше просек од 24 кошеви по натпревар.

Тој рече дека го избрал Милвоки затоа што покажуваат интерес за него со години и дека е среќен што му се реализира оваа прилика.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.