Славниот холивудски режисер Квентин тарантино изјави дека во моментов пишува театарска драма, за која се надева дека ќе биде поставена на театрите во Бродвеј.
Тој се откажа од натамошно снимање филмови, но сепак рече дека доколку претставата биде голем хит, би можел да ја екранизира на филмското платно и дека тоа би бил неговиот последен филм што ќе го сними.
Прашањето околу неговиот „последен филм“ беше жешка тема на медиумите во Холивид, кои сметаа дека неговиот проект „Филсма критика“ ќе биде неговиот последен филм. Тарантино нема снимено филм од „Беше еднаш во Холивуд“ со Леонардо ДиКаприо и Бред Пит во 2019.
Тарантино соопшти дека се откажува од режирањето филмови затоа што сака да им посвети време на своите две мали деца.
Слични новости
Лондонските тунели ќе станат нова туристичка атракција
Тунелите изградени за да се засолнат лондончани за време на германските бомбардирања во Втората светска војна треба да станат најголемата нова туристичка атракција на британската престолнина, според компанијата што ја купи широката мрежа од тунели
Ќерката на Никол Кидман позираше без шминка во кампања за модната куќа Миу Миу
Станува збор за голема кампања на италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која е заштитно лице на нивната колекција пролет/лето 2025 година, пренесува „Daily Mail“.
Пронајдена слика на Ван Гог во гаражна распродажба на слики во Минесота
Сликата ја купи колекционер на антиквитети во 2016, а стручњаците ја идентификуваа како дело на Ван Гог по проценка која траеше цели четири години. Истражувачите, исто така, пронајдоа делови од коса во платното и ја испратија на анализа.