Американскиот производител на автомобили Џенерал моторос денеска објави дека во третиот квартал остварил приход од 50 милијарди долари, над очекувањата на аналитичарите и најави откуп на сопствените акции вреден 20 милијарди долари.

Заработувачката по акција на Џенерал моторос достигна 3,70 долари, исто така над предвидувањата на аналитичарите.

И покрај добрите квартални резултати, акциите на Џенерал моторос паднаа за 5 насто, пред отварањето на берзите во САД.

 

 

Слични новости