Американскиот производител на чипови Квалком склопи долгорочно партнерство со компанијата Амазон за развој на повеќе генерации прилагодени чипови за центри на податоци наменети за вештачката интелигенција.

Оваа зделка е дел од настојувањето на Квалком да го прошири работењето и надвор од производството на смарт телефони, пренесе Ројтерс.

Според спогодбата Амазон ќе купува чипови од Квалком во вредност до 60 милијарди американски долари, а од друга страна Квалком му дозволи на Амазон право на купување на акциите на компанијата во вредност од 4 милијарди долари.

Слични новости