Раперот Кање Вест и австралиската манекенка Бјанка Сенсори кои се брачен пар, биле исфрлени од полицијата од овогодинешното доделување на наградите Греми во Лос Анџелес, објавуваат локалните медиуми. Инцидентот настанал откако Сенсори се појавила во сосема непристојна облека, затоа што откако ја соблекла црната бунда, под неа имала кус и сосема проѕирен фустан, без долен веш.

Брачниот пар потоа беше снимен како влегува во сребрен хромиран автомобил. Според некои извори, Вест и Сенсори ја напуштила салата по сопствена волја.

Вест беше номиниран за најдобра рап песна, но наградата ја доби Кендрик Ламар за својата нумера „Нот лајк ас“.

 

Слични новости

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

Четири децении по нивниот историски прв настап во Италија во Санремо во 1985 година, британскиот синт-поп бенд Duran Duran повторно ќе настапи на годишниот музички фестивал, објави неговиот менаџер и уметнички директор Карло Конти