Раперот Кање Вест и австралиската манекенка Бјанка Сенсори кои се брачен пар, биле исфрлени од полицијата од овогодинешното доделување на наградите Греми во Лос Анџелес, објавуваат локалните медиуми. Инцидентот настанал откако Сенсори се појавила во сосема непристојна облека, затоа што откако ја соблекла црната бунда, под неа имала кус и сосема проѕирен фустан, без долен веш.
Брачниот пар потоа беше снимен како влегува во сребрен хромиран автомобил. Според некои извори, Вест и Сенсори ја напуштила салата по сопствена волја.
Вест беше номиниран за најдобра рап песна, но наградата ја доби Кендрик Ламар за својата нумера „Нот лајк ас“.
Слични новости
Тикток се враќа на американскиот пазар откако згасна во саботата
Тикток се враќа на американскиот пазар. Апликацијата соопшти дека „е во процес на враќање на сервисот“ откако новозибраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе потпише извршен указ со кој се одлага забраната за Тикток во САД.
Анимираниот филм на Дизни Муфаса: Кралот лав и натаму прв на Бокс офисот
Филмот имаше слаб старт на премиерниот викенд околу 40 милиони долари, но за 5 недели прикажување ја надмина бројката од 200 милиони долари заработка во САД
Холивуд ги следи случувањата на специјалниот Бокс офис каде што се емитуваат филмовите кои ќе се натпреваруваат за оскар
Најдобро на специјализираниот Бокс Офис поминува биопикот за Боб Дилан „Целосно непознат“ со Тимоти Шаламе во улогата на славниот американски рокер.