Американскиот рапер Кање Вест се извини поради своите антисемитски напади во изминатите неколку години, на состанок со израелско-мароканскиот ортодоксен рабин Јошијаху Пинто во Њујорк.

„Навистина сум благословен што денес можам да седам со вас и да ја преземам одговоноста. Се борев со разни проблеми, меѓу другото и со биполарно пореметување, така што идеите што ги имав доведа до крајности каде што заборавав на заштотата на луѓето околу себе“ му кажал Кање Вест на рабинот.

Рабинот Јошијаху Пинто порача дека јудаизмот на светот му го донел тоа што ако некој направилм нешто погрешно може да се покае и тоа да го исправи.

Кање Вест кој е добитник на 24 Греми награди во последните години во повеќе наврати даваше антисемитски и пронацистички изјави.

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.