
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека жителите на Техеран „ќе плаат цена и тоа набрзо“, поради најновите ирански напади врз Израел.
Досега во Израел има неколку десетици мртви цивили, а на стотици се ранети како последица на ирнаските бомбардирања со ракети земја-земја и дронови, а синоќа најмалку осум лица загинаа, а 92 се ранети и хоспитализирани.
Во Иран, досега од израелските напади загинаа 224 луѓе, а 90 насто од нив се цивили, ја пренесе гардијан изјавата на иранскиот министер за здравство. Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека голем број на жени и деца се убиени во станбените квартови на Техеран.
Израел во нападите уби и неколку клучни воени команданти на Иран, физичари кои работеа на нуклеарната програма и витална воена инфраструктура.
Слични новости
Осум загинати и 92 ранети во најновиот бран напади на Иран врз Израел
Најмалку осум лица го загубија животот во најновиот бран напади на Иран врз Израел, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на извештаи на израелското воено радио. Иранските удари уследија во текот на ноќта, набргу откако Израел изведе напади врз Иран во кои е убиен шефот на разузнавачката служба на иранските воени сили.
Трамп му се закани на Иран со досега невиден одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади
Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.