Од вчера (Св. Стефан/ Štefanje/ Stjepandan) во повеќето жупании во Хрватска почна благословувањето на куќите кое трае генерално до 6 јануари и се очекува Католичката црква во таа држава да заработи повеќе од лани, јавија хрватски медиуми.
Во една жупанија во Славонија, Надбискупијата пропиша надоместот на верниците да изнесува 30 евра по брачна двојка. Ова е т.н милостина што се плаќа на црквата и нема врска со благословот. Многу луѓе го плаќаат тоа во времето на семејните благослови, јавија хрватски медиуми.
Друга славонска жупанија, онаа во областа Славонски Брод, во упатството за благослов на куќи им се заблагодарува на верниците „за подарокот што ќе им го дадете на свештеникот и неговиот помошник од црквата“.
„Овој подарок не оди за свештеникот, туку за потребите на црквата. Ништо не должите, затоа ви благодариме за вашата чувствителност во поддршката на црквата“, им порачаа од жупата на верниците.
Во изјава за хрватски медиуми дел од граѓаните наведуваат дека ќе дадат меѓу 20 и 30 евра. За време на тие десет дена благословување на куќите, Црквата ќе има пристоен профит.
Според последниот попис, во Хрватска има околу три милиона католици или 79 отсто од вкупното население. Според истиот попис, секое домаќинство брои во просек по 2,7 члена.
Ако може да се верува на статистиката, во Хрватска има околу милион католички домаќинства – се претпоставува дека околу две третини од домаќинствата ќе добијат благослов (случај во претходните години).
Тоа, де факто, значи дека во следните десет дена свештениците ќе влезат во речиси 700.000 домаќинства. Просечниот дар за време на благословот годинава, според груби пресметки на хрватски медиуми, треба да биде околу 25 евра. Со таа сума – Црквата од благослов на куќи ќе заработи повеќе од 17 милиони евра. Во просек тоа е околу еден и пол милион евра дневно (деновите помеѓу Св.Стефан и 6 Јануари/Три кралеви/Водици).
Слични новости
Обвинителството на Б и Х побара притвор министерот за државна безбедност Ненад Нешиќ
Обвинителството на Босна и Херцеговина до Судот на Босна и Херцеговина поднесе предлог за определување притвор за тројцата уапсени во акцијата „Тунел 2“, меѓу кои и министерот за државна безбедност Ненад Нешиќ.
Во Хрватска предизборен молк во пресрет на утрешните претседателски избори
Во Хрватска од полноќ стапи на сила изборниот молк во пресрет на неделните претседателски избори, на кои ќе учествуваат осум кандидати. Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ
Над 90.000 регистрирани гласачи од дијаспората за изборите на Косово, информира ЦИК
Периодот за пријавување и регистрација на гласачите од косовската дијаспора, кој започна на 29 август, заврши на 26 декември 2024 година.