Катар ќе престане да испорачува гас во Европската унија доколку земјите-членки строго го спроведат новиот закон за сузбивање на принудната работа и штетите врз животната средина, изјави министерот за енергетика Сад ал-Каби за Financial Times во интервју објавено во неделата.
Директивата, одобрена оваа година, бара од големите компании кои работат во Европската унија да проверат дали нивните синџири на снабдување користат принудна работа или предизвикуваат штета на животната средина и да преземат мерки доколку тоа го прават. Казните би биле до 5 отсто од глобалниот промет.
„Доколку би изгубил 5 отсто од остварениот приход со одење во Европа, не би одел во Европа. Не блефирам“, изјави Каби во интервјуто додавајќи дека „5 отсто од остварениот приход на QatarEnergyj значи 5 отсто од остварен приход на државата Катар“.
„Ова се пари на народот, затоа не можам да изгубам толку пари – и никој не би прифатил да изгуби толку многу пари“, додава катарскиот министер.
Каби, извршен директор на државната компанијата „QatarEnergy“, вели дека ЕУ треба темелно да ја разгледа директивата.
Тој, исто така, одава дека неговата земја од Персискиот залив не е загрижена поради ветувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ја укине забраната за извоз на течен природен гас (LNG).
Катар, еден од водечките светски извозници на LNG, се обидува да игра поголема улога во Азија и Европа, бидејќи конкуренцијата од неговиот најголем снабдувач САД, се зголемува.
Планира да го прошири својот капацитет за втечнување од 77 милиони на 142 милиони тони годишно до 2027 година.
Слични новости
Американскиот Сенат го усвои законот за привремено финансирање на владата
Сенатот на Соединетите Американски Држави го усвои законот за привремено финансисрање на федералните агенции, со што е избегнато гаснењето на владата
Нафтата поевтини на 72 долари
Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта
Европските берзи во пад, Трамп се заканува со царини
Цените на европските акции остро паднаа во петокот претпладнето, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со царини на увозот од Европската унија