Катар ќе престане да испорачува гас во Европската унија доколку земјите-членки строго го спроведат новиот закон за сузбивање на принудната работа и штетите врз животната средина, изјави министерот за енергетика Сад ал-Каби за Financial Times во интервју објавено во неделата.

Директивата, одобрена оваа година, бара од големите компании кои работат во Европската унија да проверат дали нивните синџири на снабдување користат принудна работа или предизвикуваат штета на животната средина и да преземат мерки доколку тоа го прават. Казните би биле до 5 отсто од глобалниот промет.

„Доколку би изгубил 5 отсто од остварениот приход со одење во Европа, не би одел во Европа. Не блефирам“, изјави Каби во интервјуто додавајќи дека „5 отсто од остварениот приход на QatarEnergyj значи 5 отсто од остварен приход на државата Катар“.

„Ова се пари на народот, затоа не можам да изгубам толку пари – и никој не би прифатил да изгуби толку многу пари“, додава катарскиот министер.

Каби, извршен директор на државната компанијата „QatarEnergy“, вели дека ЕУ треба темелно да ја разгледа директивата.

Тој, исто така, одава дека неговата земја од Персискиот залив не е загрижена поради ветувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ја укине забраната за извоз на течен природен гас (LNG).

Катар, еден од водечките светски извозници на LNG, се обидува да игра поголема улога во Азија и Европа, бидејќи конкуренцијата од неговиот најголем снабдувач САД, се зголемува.
Планира да го прошири својот капацитет за втечнување од 77 милиони на 142 милиони тони годишно до 2027 година.

globe

Слични новости

Светските берзи остро паднаа, Fed го забаува темпото на намалување на каматните стапки

Светските берзи остро паднаа, Fed го забаува темпото на намалување на каматните стапки

Цените на акциите драстично паднаа на светските берзи минатата седмица, бидејќи американската централна банка објави дека планира да го забави темпото на намалување на каматните стапки следната година

Крах на британската автомобилска индустрија

Крах на британската автомобилска индустрија

Производството на автомобили во Велика Британија е на најниско ниво за последните 44 години. Во Велика Британија минатиот месец се произведени 64.216 нови автомобили што е за 30 насто помалку во однос на истиот месец минатата година, и претставува најлош учинок од 1980 година.