По повод 40 годиншнината од првото објавување на албумот „Катарина Втора“ ЗКП РТВ Словенија објави ремастерирана верзија на албумот на винил.
Винилот е најава за комплетен винил бокс со комплетната дискографија на бенодт кој ќе биде објавен на 1 април 2025, симболично на денот на роденденот на Маргита Стефановиќ.
Бендот кој стана попознат под името „Екатерина Велика“ се формираше 1982 по распадот на „Шарло Акробата“, но двајцата од трите членови на „Шарло Акробата“ Милан Младеновиќ ( гитара и вокал) и Ивица Вдовиќ ВД (тапани) до објавување на својот прв албум чекаа две години по неколку промени во составот на бендот во кој на крај членуваа и Маргита Стефановиќ (клавијатури) и Бојан Печар (бас гитара).
Првиот албум „Катарина Друга“ е снимен за само 50 часови во белградското студиот „Аквариус“. Кусото време за снимање на албумот не му овозможи простор на бендот за експерименти, поради што нивниот звук е сиров и автентичен.
Албумот беше објавен во 1984 во тираж од 3.000 примероци, а веднаш по објавувањето овој албум стекна култен статус во југословенскиот рокенрол.
Слични новости
Чат Џи-Пи-Ти секоја недела го користат 300 милиони луѓе
Чат Џи Пи Ти клучниот производ на компанијата за развој на вештачката интелигенција ОпенАИ, секоја недела го користат 300 милиони луѓе, изјави извршниот директор на компанијата Сем Алтман.
Најтопол ноември во Португалија и во Шпанија
Минатиот месец беше најтоплиот ноември во историјата на мерењето на температурите во Шпанија и Португалија, а и целата планета Земја оди по тој пат.
Мухамед е најпопуларното име за момчињата во 2023. во Англија и Велс
Мухамед е во првите десет најпопуларни имиња за новородени момчиња од 2016 година, а беше на второто место во 2022 година