Започна кастингот за новиот Џејмс Бонд, улога на животот за новиот актер кој че го игра славниот шпион 007 во една од најдолгите филмски франшизи. Според извештаите главни фаворити за да ја добијат улогата се Џек Лауден ѕвездата на шпионската трилер серија „Slow Horses“ во која тој игра заедно со Гери Олдман и Калум Тарнер кој имаше Бафта номинација за филмот „Capture“.

Таблоидите пишуваат дека Тарнер има повеќе сексипил од Лауден и дека е создаден како во лабораторија за да го игра Џемс Бонд, но од друга страна Лауден е пооригинален и може да донесе нови вредности на Џемс Бонд.

Сепак експертите за каст на франшизата велат дека е клучно оној што ќе го игра Џемс Бонд да не прави врева во јавноста околу политички прашања и кој е подготвен да биде бренд амбасадор на франшизата, подготвен да учествува во медиумскиот циркус околу Џемс Бонд.

 

Слични новости

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

Филмот „ „Практична магија 2“ на студиото Ворнер Брос се очекува викендов да го зазеде првото место на американскиот Бокс офис по шест недели царување на Спадјдермен. Филмот почна да се прикажува во 4.000 кина во САД, а вториот дел во кој главните улоги повторно ги толкуваат Сандра Булок и Никол Кидман се сними 28 години по првиот дел.