Белгискиот голман 32-годишниот Коен Кастелс ја напушти репрезентацијата во знак на протест поради претстојното враќање во тимот на неговиот сонародник и врсник Тибо Куртоа.

Кастелс беше прв голман на белгиската репрезентација во последните 18 месеци, откако Куртоа одби да игра поради кавга со поранешниот селектор Италијанецот Доменико Тедеско. Сепак, откако Французинот Руди Гарсија ги презеде „црвените ѓаволи“, Куртоа изјави дека е подготвен да се врати.

„Чудно е што фудбалската асоцијација се сврте за 180 степени и го распостила црвениот тепих и го пречекува назад со раширени раце“, изјави Кастелс за белгискиот подкаст MidMid.

„Прво, мислам дека е малку чудно што Куртоа може сам да одлучи дали може да се врати“, додаде голманот на саудискиот прволигаш Ал Кадсија.

Кастелс, кој најголемиот дел од кариерата го помина во Бундеслигата, но сега игра во Саудиска Арабија, беше долгогодишната замена на Куртоа.

„Оваа порака не е толку насочена кон Тибо, туку главно кон фудбалската асоцијација. Не се вклопува во стандардите и вредностите што ги имам за тоа што треба да има тимски спорт или спортска организација“, рече тој.

„Од денеска повеќе не сум достапен (за репрезентацијата)“, додаде Кастелс.

Куртоа одби да игра под водство на Тедеско по кавгата околу капитенската лента во средината на 2023 година, а Кастелс го бранеше голот на минатогодишното Европско првенство во Германија, каде што Белгија беше елиминирана во осминафиналето.

globe

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите