Најплатениот играч на Манчестер Јунајтед, бразилскиот играч за врска 32-годишниот Касемиро сака да остане во клубот до истекот на неговиот договор, иако доби скромна минутажа под водство на тренерот Рубен Аморим, објавија британските медиуми.

Касемиро не е во стартниот состав на „Црвените ѓаволи“ од декември, а само минатата недела одигра од првата минута во поразот од Тотенхем со 0:1, бидејќи тренерот Аморим не можеше да смета на 12-те играчи кои се на списокот повредени.

„Договорот ми истекува за една ипол година и би сакал да го дочекам до крај. Во Манчестер се чувствувам одлично, како и целото мое семејство. Што се однесува до моите минути, дефинитивно би сакал да играм повеќе“, рече Бразилецот.

Манчестер Јунајтед планираше да го продаде Касемиро во претстојниот летен преоден рок за да ги искористи парите за финансирање нови засилувања кои се вклопуваат во системот на тренерот Аморим. Имаше богати понуди и од Саудиска Арабија, но Бразилецот ги игнорираше.

Манчестер Јунајтед е на 15. место во Премиер лигата, со 12 порази по 25 кола, што е нивен најлош рекорд од сезоната 1973/74, кога испадна од елитната дивизија.

globe

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите