Вашингтон во последните три децении води континуирана политика кон Западен Балкан и очекувам така да остане, изјави заменикот на помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф.
„Би сакал да нагласам дека постои силен континуитет во нашата политика кон Балканот во последните 30 години. Очекувам дека овој континуитет, околу основните цели што ги имаме за овој регион, ќе продолжи“, рече Касаноф во интервју за Хина .
Тој изјави дека САД се загрижени за влијанието на Русија врз целиот регион и дека поради тоа соработуваат со земјите од Западен Балкан за да се спречат дезинформациите.
Американскиот функционер нагласи дека Вашингтон во моментов гледа „реална можност“ за значителен напредок на земјите од Западен Балкан на патот кон евроатлантските интеграции. Во таа насока, тој го истакна планот за раст од шест милијарди евра на ЕУ за регионот, што е условен од спроведувањето на реформите, бидејќи, како што рече, може значително да придонесе за тие земји и „нивните жители да го почувствуваат тоа“. Тој предупреди дека „тоа не е период што вечно ќе трае“ и дека сегашниот поволен момент мора да се искористи.
„Целта овде е регионот да се оддалечи од наследството од војните од 1990-тите и навистина да успее да сврти страница од злата на етнонационализмот“, нагласи Касаноф.
Во однос на Босна и Херцеговина, Касаноф истакна дека главната цел на САД е зајакнување на суверенитетот, територијалниот интегритет и мултинационалниот карактер на оваа земја.
Вашингтон ќе ги „искористи сите достапни алатки, вклучително и санкции“ против оние кои „работат спротивно на тие цели“, отворено се залагаат за отцепување и го игнорираат Дејтонскиот договор, рече Касаноф.
Тој смета дека политиката на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е штетен за безбедноста на Босна и Херцеговина, бидејќи, како што рече, ги блокира реформите потребни за ослободување на земјата од европскиот план за раст, што пред се ќе биде од корист за луѓето таму.
Касаноф, кој го замени Габриел Ескобара, чиј мандат истече на крајот на мај, не сакаше да шпекулира дали ќе остане на функцијата по 20 јануари, кога на чело на сцена стапува администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Слични новости
Алекснадар Вучиќ имаше во Брисел тежок разговор со Каја Калас
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Брисел имаше состанок со високата представничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и наведе дека со неа имал отворен и тежок разговор.
Годишната стапка на инфлацијата во Турција во ноември падна на 47 насто
Годишната стапка на инфлација во Турција во ноември падна на 47,09 насто од октомвриските 48,58 насто, објави денеска Турскиот институт за статистика Туркстат. Станува збор за шести по ред пад на меѓугодишната инфлација во Турција која сега е најниска од јуни 2023.
Мицотакис: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ
Немавме многу успех во носењето одлуки, но сега е време вистински да одиме напред. А новата Европска комисија и претседателката Урсула фон дер Лајен, верувам дека се целосно согласни и препознаваат дека е дојдено време за храбри акции, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за CNN, говорејќи за иднината на Европската унија