Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во пресрет на вториот изборен круг, истакна дека за време на неговиот мандат работел за сите граѓани на Тетово, без оглед на нивната етничка припадност.

„Јас сум градоначалник на сите граѓани на Тетово. Ја побарав довербата од Албанците, Македонците, Турците, Ромите и на сите мои сограѓани и работев за доброто на секој од нив“, изјави Касами.

Тој нагласи дека Тетово, како град со космополитски карактер, е место каде секој успех и придобивка реализирани во изминатите четири години им припаѓаат и им се радуваат сите граѓани, без разлика.

Во врска со својата претходна изјава за вториот круг избори во Кичево, тој истакна дека таа е извадена од контекст и погрешно интерпретирана.

„ Треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој беше дадена изјавата, како и околностите во кои потоа беше пренесена. Со тоа целосно се извади од нејзината првична идеја“, изјави Касами.

Тој појасни дека изјавата е дадена во момент кога, според него, политичките опоненти се обидувале максимално да ја отворат етничката карта во изборниот процес.

„Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана“, нагласи тој.

globe

Слични новости

Британска амбасада: Британско- македонското стратешко партнерство е фокусирано на продлабочување на економската и безбедносната соработка

Британска амбасада: Британско- македонското стратешко партнерство е фокусирано на продлабочување на економската и безбедносната соработка

Во врска со пишувања во некои британски медиуми и реакции во земјава за наводно отворање мигрантски кампови, Британската амбасада објави на социјалните мрежи статус со кој посочува дека двете земји имаат воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји

СДСМ: Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски

СДСМ: Не чисти СОЗР, „чисти“ семејната фирма на Томовски

Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери, порача на партиска конференција за медиумите Александар – Саша – Димитријевиќ, од Централен одбор на СДСМ