Шпанецот Карлос Алкараз по освојувањето на Австралија опен ја зголеми предноста на првото место на АТП листата во однос на другите тенисери и сега има 13.650 бодови. Алкараз во финалето на Австралија опен го победи Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови.

Втор на листата е Италијанецот Јаник Синер со 10.300 бодови. Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето во Мелбурн се проби на третото место на АТП листата со 5.280 бодови, а Германецот Александар Зверев падна на четвртата позиција со 4.605 поени.

Во првите десет се уште и Италијанецот Лоренцо Музети, Австралијанецот Алекс де Минор, Американците Тејлор Фриц и Бен Шелтон, Феликс Алијасим од канада и Казахстанецот Александар Бублик.

Слични новости

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ

Далас ја прекина најлошата сероја порази на домашен терен против Лејкерс со победа од 134:128 благодарение на извонредната партија на „рукито“ Купер Флег. Новајлијата околу кој Далас ќе го гради тимот во иднина Купер Флег на Лејкерси им уфрли дури 45 коша