Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс загубија од Орландо Меџик со 93:113 на домашен терен. Најефикасен кај Орландо беше Паоло Банкеро со 34 поени и 11 скока, а ова за Пеликанс беше петти пораз во последните шест натпревари и тие се претпоследни на Западот со 18 победи и 49 порази.
Голден Стејт Вориорс на домашен терен во Сан Франциско ги совладаа Сакраменто со 130:104 и го забележаа шестиот последователен триумф. Најефикасен кај Голден Стејт беше Дрејмонд Грин со 23 поени. Џонатан Камингс постигна 18 поени во својот прв натпревар по враќањето од повреда која го оддалечи од 4 јануари, Мозес Муди постигна 17 поени, додека Бади Хилд додаде 16 поени.
Стивен Кари ја постигна својата 4.000-та „тројка“ на овој натпревар, со што стана првиот НБА играч кој го постигнал овој подвиг.

Демар Дерозан беше најефикасниот играч на Сакраменто со 23 поени, седум асистенции и пет скока, а најдобриот скокач во НБА сезонава, Домантас Сабонис, го пропушти овој натпревар поради истегнување на тетивата. Голден Стејт е шести во западната конференција со 38 победи и 28 порази, додека Сакраменто е деветти по третиот последователен пораз со резултат 33-32.
Милвоки Бакс на домашен терен ги совлада Лос Анџелес Лејкерс со 126:106, прекинувајќи ја серијата од три пораза. Кај Милвоки најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 24 поени, 12 скока и девет асистенции, Брук Лопез додаде 23 поени, додека Кевин Портер Џуниор и Демијан Лилард постигнаа по 22 поени и 10 асистенции.
Најефикасен кај Лејкерс беше словенечкиот бек Лука Дончиќ, кој постигна 45 поени и забележа 11 скока, а Остин Ривс додаде 28 поени и 8 скока, а двоцифрен уште беше само Далтон Нехт со 10 поени. Четирикратниот најкорисен играч (МВП) во НБА, Леброн Џејмс го пропушти натпреварот поради повреда на препоните.
Милвоки е четврти во поредокот на Источната конференција со 37 победи и 28 порази, додека Лејкерси се четврти на Западот по третиот последователен пораз со резултат 40-24.
Слични новости
Лига Европа: Манчестер Јунајтед го исфрли Сосиедад, Тотенхем подобар од АЗ
Англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед и Тотенхем и францускиот Лион последни се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа
Усик мора да ја брани титулата против Паркер
Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (ВБО)
Оклахома славеше во Бостон во меч што е можно финале на НБА лигата
Бостон Селтикс шутираа дури 63 пати за три поени, а од тоа погодија 20 пати, со процент за тројка од 31,7 насто. Оклахома имаше двојно помалку шутеви зад линијата за три поени, но го доби мечот со добар процент на шутеви за два поени.