Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ќе мора да се подложи на операција на коленото, што ќе го остави надвор од терените два до три месеца.

„По прегледите спроведени од медицинската служба на Реал Мадрид, беше одлучено дека Карвахал ќе мора да се подложи на артроскопија“, објави „Кралскиот клуб“ без да прецизира колку време ќе трае неговото закрепнување.

Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека закрепнувањето би можело да трае околу 10 седмици.

Веста за новата повреда на 33-годишниот дефанзивец дојде откако Карвахал ги одигра последните 19 минути од драматичната победа на Реал над Барселона. Сепак, тој почувствува проблеми со коленото кратко по завршувањето на натпреварот.

Проблемите со повредите на Карвахал траат повеќе од една година, откако тој скина лигамент на натпревар од Ла Лига против Виљареал на почетокот на октомври 2024 година, поради што мораше да го пропушти поголемиот дел од минатата сезона.

Иако се врати на теренот за време на полуфиналето на Светското клупско првенство во јули, оттогаш се мачеше со помали проблеми во мускулите.

globe

Слични новости

Сабаленка прогласена за тенисерка на годината

Сабаленка прогласена за тенисерка на годината

Белоруската 27-годишна тенисерка Арина Сабаленка е прогласена за ВТА играчка на годината откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави во понеделникот управното тело за женски тенис

Трилер со осум гола на „Олд Трафорд“

Трилер со осум гола на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа еден од најдобрите натпревари во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата, а по серија пресврти натпреварот заврши вез победник 4:4