Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ќе мора да се подложи на операција на коленото, што ќе го остави надвор од терените два до три месеца.
„По прегледите спроведени од медицинската служба на Реал Мадрид, беше одлучено дека Карвахал ќе мора да се подложи на артроскопија“, објави „Кралскиот клуб“ без да прецизира колку време ќе трае неговото закрепнување.
Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека закрепнувањето би можело да трае околу 10 седмици.
Веста за новата повреда на 33-годишниот дефанзивец дојде откако Карвахал ги одигра последните 19 минути од драматичната победа на Реал над Барселона. Сепак, тој почувствува проблеми со коленото кратко по завршувањето на натпреварот.
Проблемите со повредите на Карвахал траат повеќе од една година, откако тој скина лигамент на натпревар од Ла Лига против Виљареал на почетокот на октомври 2024 година, поради што мораше да го пропушти поголемиот дел од минатата сезона.
Иако се врати на теренот за време на полуфиналето на Светското клупско првенство во јули, оттогаш се мачеше со помали проблеми во мускулите.
Слични новости
Алонсо здивна, Реал победи кај Алавес
Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Алавес со 2:1 на гостувањето во Виторија во последниот неделен натправар од 16-то коло на шпанското првенство и со тоа ја намалија бодовната разлика зад лидерот Барселона на четири бода
Интер го зазема врвот на табелата
Интер ги искористи киксовите на Милан и Наполи и се искачи на врвот на италијанското првенство со победа од 2:1 на гостински терен во Џенова
Сити ја продолжува потерата по Арсенал
Во последниот натпревар од 16-то коло од англиската Премиер лига во неделата, Брентфорд и Лидс Јунајтед во Лондон одиграа нерешено 1:1


