Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ќе мора да се подложи на операција на коленото, што ќе го остави надвор од терените два до три месеца.
„По прегледите спроведени од медицинската служба на Реал Мадрид, беше одлучено дека Карвахал ќе мора да се подложи на артроскопија“, објави „Кралскиот клуб“ без да прецизира колку време ќе трае неговото закрепнување.
Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека закрепнувањето би можело да трае околу 10 седмици.
Веста за новата повреда на 33-годишниот дефанзивец дојде откако Карвахал ги одигра последните 19 минути од драматичната победа на Реал над Барселона. Сепак, тој почувствува проблеми со коленото кратко по завршувањето на натпреварот.
Проблемите со повредите на Карвахал траат повеќе од една година, откако тој скина лигамент на натпревар од Ла Лига против Виљареал на почетокот на октомври 2024 година, поради што мораше да го пропушти поголемиот дел од минатата сезона.
Иако се врати на теренот за време на полуфиналето на Светското клупско првенство во јули, оттогаш се мачеше со помали проблеми во мускулите.
Слични новости
Тотенхем со понуда за Семењо во зимскиот преоден рок
Тотенхем е подготвен да плати 65 милиони фунти на Борнмут, колку што е откупната клаузула за напаѓачот од Гана Антоан Семењо и е подготвен да му понуди услови според кои би бил еден од најплатените фудбалери во клубот.
Паоло Дибала се враќа во Аргентина
Најзаинтересирана за Дубала е Бока јуниорс, а и самиот Дибала сака да игра за славниот клуб на еден од најпознатите стадиони во светот „Бонбоњера“.
Чаби Алонсо ќе добие отказ во Реал, ако тимот викендов не го победи Алавес
Управата на Реал Мадрид сака актуелниот тренер Чаби Алонсо да добие шанса и да остане на клупата на Реал Мадрид барем до јануари и дербито со Атлетико од Мадрид.


