Доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид Дани Карвахал е на чекор да потпише за шпанскиот прволигаш Гетафе.
Веста ја потврди и директорот на Гетафе Анхел Торес кој вели дека се очекува уште одобрението од шпанската Ла Лига за Карвахал да стане дел од Гетафе.
Со преминот во Гетафе Карвахал останува да игра во Мадрид, каде што ја мина целата своја кариера играјќи за кралевскиот клуб Реал Мадрид.
Гетафе очекува Карвахал да биде силно засилување во одбраната, откако клубот ги загуби сите четири меча на гости од почетокот на сезоната.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
