Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, смета дека регуларноста на шпанското фудбалско првенство е нарушена бидејќи организаторот на Ла Лига им дозволи на Виљареал и Барселона да играат во американскиот град Мајами.
„Тоа е јасно кршење на правилата на натпреварувањето. Сите тимови нема да се натпреваруваат под исти услови“, изјави 33-годишниот дефанзивец за јавниот радиодифузен сервис RTVE.
Во шпанското првенство има 20 клуба кои треба да играат против истите противници еден натпревар дома и еден на гости. Ла Лига претходно овој месец објави дека Виљареал ќе ја пречека Барселона на 20 декември на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, неутрално место за двата тима, наместо дома.
Карвахал, кој ова лето ја презеде капитенската лента на Реал Мадрид од Лука Модриќ, рече дека играчите, клубовите и Ла Лига јавно се залагаат за пофер конкуренција, но дека Ла Лига не се придржува до неа.
„Овој натпревар е историски чекор што ги носи Ла Лига и шпанскиот фудбал на сосема ново ниво“, рече Хавиер Тебас, претседател на Ла Лига. „Ги разбираме и ги почитуваме загриженостите што оваа одлука може да ги предизвика, но важно е да се стави во контекст: ова е еден натпревар од 380 во сезоната. Ла Лига има милиони фанови низ целиот свет, вклучувајќи многумина кои страсно ги следат своите тимови и заслужуваат можност да ги видат во живо барем еднаш“, додаде тој.
Претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг, ја донесе одлуката со цел клубот да „расте и да го зајакне своето присуство на американскиот пазар“, додека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, истакна дека САД се „еден од стратешките пазари“ за каталонскиот клуб.
Најголемото шпанско дерби се игра в недела меѓу лидерот Реал Мадрид и второпласираната Барселона.
„Сакаме да освоиме три бода. Ќе биде посебен натпревар бидејќи играме против нашиот најголем ривал“, рече Карвахал.
Реал Мадрид ќе биде домаќин на италијански Јувентус во Лигата на шампионите во среда.
„Нашата цел е да бидеме меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите бидејќи тоа ни дава предност во тесниот распоред подоцна“, рече Карвахал а 52-кратниот шпански репрезентативец рече и дека е добро што во моментов нема еден тим што доминира во европскиот фудбал.
Слични новости
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб


