Она што го уби капитализмот е самиот капитал. Не капиталот каков што го знаевме во времето на индустриската ера, туку нова форма на капитал, мутација на она што се воздигна во изминатите две децении, многу помоќно од неговиот претходник како некој супер вирус што го убива својот домаќин. Оваа мутација-капиталот во клауд ги урна двата столбови на капитализмот -пазарот и профитите.
Еднаш слушав тирада на веќе подостарениот Фридрих фон Хајек против социјалистичкото планирање со шармантна лична приказна. „Пред некој ден отидов во продавница и испазарив нешто, за што немав поим дека го сакам“ ! Како и сите вешти апологети на капитализамот, тој го доживуваше пазарот како беневолентен креатор чија работа не може да ја замени ниту еден човечки систем. Поенатата на Хајек беше дека ние самите, всушност не знаеме што ни треба додека не влеземе во продавница. Па така, како може владата, или кој и да е друг, да знае што сака општеството?
Мислителите како фон Хајек ги отфрлаат интерпретациите на меинстрим економистите дека пазарот е само ефикасен механизам за изнаоѓање на вистинското место на нештата. За него пазарот е нешто поголемо, пограндиозно, еден вид ослободувач на нашата имагинација, и кокреатор на нашите преференци и вкусови. Тој смета дека интервенциите во пазарот, а да не зборуваме за негова замена, е лоша и страшна идеја, бидејќи централизираните системи се склони не само кон ефикасност, туку и кон уништување на слободната волја на нашите потреби.
Но, што ако нашите преференци веќе не ги формира пазарот како во времето на фон Хајек? Една година откако тој почина, се мачев да го поврзам персоналниот компјутер на мојот татко на интернет кога тој ми го постави убиственото прашање: „Сега кога компјутерите зборуваат меѓусебно, дали тоа ќе значи дека ќе биде невозможно да се урне капитализмот, или пак можеби тие ќе ја пронајдат неговата ахилова пета“?
Разговорот се случуваше неколку години по колапсот на Советскиот комунизам и беше почетокот на падот на централно-левичарските движења. Заканата по капитализмот од организирана работничка класа влезе во криза, од која не се опорави. Па може ли интернетот да му го направи на капитализмот она што не успеа работничката класа?

Ми требаа години за да го одговорам прашањето на мојот татко-во форма на мојата нова книга „Технофеудализмот: Што го уби капитализмот“. Во неа, јас тврдам дека нашите преференци веќе не ги обликува пазарот, туку вмрежени машини што јас ги нарекувам “капитал во клауд“.
Алекса на Амазон, на пример, е портал кон тоталитарен, целосно централизиран систем на преференци и задоволства. Прво, не тренира што сакаме. Потоа, ни го продава „она што го сакаме“ директно, заобиколувајќи секаков пазар. Трето, се одржува благодарение на неверојатата промена во самооднесувањето со наш бесплатен труд-бидејќи ние даваме критики и оценки на продуктиите што ги продаваат. Конечно, зема голема рента од капиталистите кои се зависни од оваа мрежа на капитал во клауд, обично 40 проценти од цената.
Ова не е капитализам. Добредојдовте во технофеудализмот.
Стравот на човештвото од технолошките креации е стар. Филмовите како Терминатор и Матрикс се мотивирани од истите стравови како Франкештајн. Сите овие приказни го имаат истиот клучен момент, а тоа е дека во еден момент машините ќе создадат самосвест. Потоа машините ќе се свртат кон нас -нивните креатори и ќе решат дека веќе не сме им потребни, пред да не уништат или да не направат нивни робови.
Во суштината на мојата теза има иронија. Она што го уби капитализмот е самиот капитал. Не капиталот каков што го знаевме во времето на индустриската ера, туку нова форма на капитал, мутација на она што се воздигна во изминатите две децении, многу помоќно од неговиот претходник како некој супер вирус што го убива својот домаќин. Оваа мутација-капиталот во клауд ги урна двата столбови на капитализмот -пазарот и профитите.
Пазарите, медиумот на капитализмот се заменети со дигитални платформи за тргување, кои личат на пазари, но не се пазари. А профитот, моторот на капитализмот е заменет со неговата претходна форма од феудализмот-рентата. Конкретно, тоа е форма на рента која мора да се плати за да имате видлив пристап до платформите и клаудот.
Како резултат на ова вистинската моќ денес не лежи во сопствениците на тардиционалниот капитал- оние то ги имаат машините за работа, зградите, или железницата. Тие продолжуваат да остваруваат профит од работниците, но веќе не се главни, како што некогаш беа. Всушност и тие станаа вазали на новата класа феудални господари, сопствениците на капиталот во клауд. Ние другите, го вративме статусот на зависници од феудалците и придонесуваме за нивниот просперитет со нашата бесплатна работа.
Во технофеудалниот свет, на либералната индивидуа и е невозможно да игра било каква улога. Луѓето се вшмукани во мрежа на дигитален капитал кој не контролира. Социјалната демократија е незамислива во свет во кој сите му служат бесплатно на капиталот во клауд, без да бидат воопшто свесни дека нивниот труд ја засилува оваа доминантна форма на капитал. Секое сурфање, секој клик, секој бесплатен пост на социјалните мрежи придонесува за раст на капиталот во клуд.

Ние не може да се вратиме назад -вештачката интелигенција е измислена и постои. Ниту пак можеме да го здробиме капиталот во облак, така што нема враќање во капитализмот. Но, она што можеме да го направиме е секој од нас да си го врати поседот на сопствениот разум и мисла, и на тој начин колективно да го преземеме сопствеништвото на капиталот во клауд, наместо да се повинуваме на волјата на неколку феудални господари. Ќе биде многу тешко. Но, тоа е единствениот начин.
Јанис Варуфакис
Слични новости
Првата трансплантиција на модифициран свински црн дроб на човек изведена во Кина
Кинески лекари ја извршија првата трансплантација на свински црн дроб на човек, објавија научниците од Воено-медицинскиот универзитет Ксиан во северозападна Кина
Хит серијата „Адолесценција“ за мизогинија ги поттикнува британските родители да размислуваат
„Адолесценција“, хит-серијата на Netflix за 13-годишно британско момче уапсено под сомнение за ужасно злосторство, ја зголеми вознемиреноста на родителите за токсичното и мизогинистичко влијание на кое младите се изложени на интернет
Германија: Се наѕира тешко формирање влада по изборите
Непосредно пред предвремените парламентарни избори во недела, анкетите сè уште покажуваат дека Христијанско-демократската унија CDU/CSU и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц се во водство, но резултатите покажуваат дека формирањето влада може да биде долго и напорно