Откако студиото Марвел целосно го промени кастот на франшизата „Капетан Америка“ најновото продолжение „ Храбриот нов свет“ кој ја имаше премиерата на продолжениот викенд од Свети Валентин до недела, стигна до заработка од 100 милиони долари на американскиот Бокс офис и 192 милиони долари глобално.
Бројките на Бокс офисот за филмот се импресивни и далеку над очекувањата откако и критиката даде лоши оценки за филмот, а оценката на публиката е Б минус, најлоша оценка досега за филм на Марвел студијата.

Филмот е повеќе акциски отколку научно фантастичен филм, го режираше Џулис Она, а во главните улоги играат Ентони Маки, Харисон Форд и Дени Рамирез.
Втор на американскиот Бокс офис е анимираниот филм Падингтон во Перу, што е трето продолжение на франшизата. Филмот заработи 16 милиони долари на американскиот Бокс офис но дури 116 милиони глобално.
Викендов беше премиерата и на четвртото и последно продолжение на франшизата Бриџит Џоунс, кој заработи 35 милиони во кината и покрај тоа што веднаш почна да се прикажува на стриминг платформата Пикок во САД, како подарок на платформата за гледачите за празникот Свети Валентин.
Слични новости
Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва
Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.
Почина продуцентот Стенли Џефи кој доби Оскар за Крамер против Крамер
Познатиот продуцент и менаџер на холивудско студио Стенли Џафи кој доби Оскар за Крамер против Крамер со Дастин Хофман и Мерил Стрип во 1980 почина денеска на 84 годишна возраст
Премиера на „Holland“ со Никол Кидман и Метју Мекфајден
Премиерата на новиот филм „Holland“ со Никол Кидман беше во неделата, на која актерката најави дека по овој проект конечно ќе земе одмор. Никол Кидман беше и продуцент на филмот „ Holland“ кој го режираше младата режисерка Мими Кејв.