
Капетан Америка: Храбриот нов свет и натаму е прв на американскиот Бокс офис со заработка од 28,3 милиони минатиот викенд, и покрај тоа што заработката му падна за огромни 68 насто во однос на премиерниот викенд.
Надвор од Америка филмот викендов заработи 35,3 милиони долари, со што вкупната заработка на филмот за две недели прикажување е импресивни 289 милиони долари.
На второто место на Бокс офисот е „Мајмунот“ на Озгуд Перкинс со заработка од 14,2 милиони долари. Станува збор за независна продукција која чини само 10 милиони долари, базирана на кус расказ на Стивен Кинг.
Кинеската анимирана сензација Не Жа која ја видоа 1,7 милијарда луѓе во кино салите со што стана анимиран филм со најголема заработка во историјата, во САД успеа да стигне само до петтото место на Бокс офисот, со скромна заработка од 3 милиони долари.
Слични новости
Џена Ортега одушевена од соработката со Лејди Гага во втората сезона на „Wednesday“
Обожавателите на серијата „Wednesday“ со нетрпение ја очекуваат втората сезона од серијата, а дополнителна возбуда донесе веста дека Лејди Гага ќе се приклучи на актерската екипа
Италијанска баристка го брани правото на неуките туристи на капучино во погрешно време
Италијанците се познати по тоа што се намуртено гледаат на неуките туристи и нивните нетрадиционални барања поврзани со кафето, но не и најстарата...
Куче пукало во сопственикот
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.