Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат апликацијата на кинеската вештачка интелигенција ДипСик, јави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на известување кое до канцелариите го упати главниот административен службеник на претставничкиот дом на Конгресот.
Појавата на евтиниот кинески модел за вештачка интелигенција ја загрози пазарната доминација на компаниите што беа лидери во вештачката интелигенција со седиште во САД како што се Чат ГПТ на ОпенАИ и Алфабет на Гугл.
Кинеската компанија за развој на вештачката интелигенција ДипСик објави отворена верзија на својот модел Р1 што предизвика огромно внимание на Силициумската долина, бидејќи напредниот модел според некои параметри е подобар од американските модели, а истовремено е направен за многу пониска цена.
Слични новости
ЕК ќе толерира поголеми дефицити доколку земјите-членки трошат на одбраната
Најавата на претседателката на Комисијата би значела дека земјите-членки би можеле да имаат уште поголеми дефицити доколку овие средства се наменети за одбранбени проекти
Трудо: За триесет дена одложени американските царини за Канада
Канадскиот премиер и американскиот претседател разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, известуваат медиумите
Реформската партија првпат води во британските анкети
Десничарската партија Reform UK сега е најпопуларна политичка партија во Обединетото Кралство, пред владејачката Лабуристичка партија