Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва информираше дека до 15 или 20 март ќе биде завршена селекцијата на кандидатите, а веќе во втората половина на април ќе биде познат нивниот кандидат за градоначалник или градоначалничка на Скопје, за претстојните локални избори.
До 15 или 20 март ние ќе ја завршиме селекцијата на кандидатите кои што ќе одат на анкети, поточна на теренска анкета во своите места на живеење. Некаде до средината на април, мислам дека огромен процент од кандидатите веќе ќе бидат познати и тие ќе ги преземат обврските за спроведување на своја сопствена промоција, со поддршка на централната партија. Во однос на имињата, ние се уште немаме донесено одлука.

„ Ова ќе биде временската динамика, која што ќе одговара и за кандидатите за Скопје како за градоначалници, така и за претставници на членови на советничките листи. Во текот на април, односно во втората половина на април, веројатно ќе биде познат нашиот кандидат за градоначалник или градоначалничка на Скопје “, рече Филипче за телевизијата Канал 5.
Како што рече, началниот став барем до овој временски период, е дека за секоја општина ќе прават различна стратегија во делот на коалицирањето.
„Во таа смисла, може да поддржиме и независни кандидати, со кои споделуваме еднакви вредности и политики, во чии што политики веруваме и ние и тие, со цел да обединеме што поголем број на луѓе кои што би гласале за добри и квалитетни кадри“, додаде Филипче.
На новинарско прашање дали е можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во некои општини за време на претстојните локални избори, Филипче одговори дека немале средби на тоа ниво, но тој е отворен за сите можни коалициски комбинаторики, кои ќе донесат бенефит за граѓаните.
„Не сме имале разговори, ниту пак средби на тоа ниво, и покрај тоа што има одредени повици од страна на премиерот, од негови коалициски партнери и има одговор и од наша страна. Сметаме дека постојат ситуации во кои што е потребно да се седне и во Парламентот да се разговара за теми од национален интерес. Ние таква комуникација за соработка на локално ниво до сега не сме имале. Јас сум апсолутно отворен за буквално сите можни коалициски комбинаторики, кои ќе донесат бенефит за граѓаните“, рече Филипче.
Прашан дали се отворени вратите за идна соработка со ДУИ, Филипче напомена дека немале понуда и не разговарале на таа тема, но тој е на ставот дека ДУИ со своите националистички реторики повеќе се доближува до ВМРО-ДПМНЕ.
„Научената лекција од коалиција со ДУИ е тоа што сметам дека на некој начин ни донесе намалување на бројот на гласовите, поради тоа што настојувавме таа коалиција да ја одржиме што подолго време. Такви беа бројките во Парламентот, без таа коалиција практично Владата не можеше да опстане. Меѓутоа ние водевме дравнички политики, кои што верувавме дека треба да се имплементираат и да носат добро за државата, меѓутоа наштетија на партијата. Сметам дека треба да се носат одлуки за коалиција врз основа на вредносни политики“, рече Филипче.
Слични новости
Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан
Пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи. Европската Унија и нејзините институции треба да продолжат да ја поддржуваат оваа амбиција, да покажат лидерство во решавањето на билатералните и регионалните проблеми, и да ја продолжат својата поддршка на патот на интеграцијата на Западниот Балкан, истакна министерот за правда Игор Филков
Чупеска: Уставниот поредок на удар, наместо реформи, власта прави упад во правосудството
Според Чупеска, власта ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
Се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.