Од моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за канада, бројот на туристи од оваа земја во САД драстично почна да опаѓа.

Само во октомври авионскиот сообраќај од Канада во САД опадна за 24 насто, додека патувањата со автомобил паднаа за повеќе од 30 насто во однос на истиот период минатата година.

Канаѓаните минатата година сочинуваа една четвртина од сите меѓународни туристи во САД и трошеа околу 20 милијарди долари годишно.

Би Би Си објави дека САД забележија пад на меѓународната потрошувачка од 3,2 насто, превнествено поради помалиот број на посетители од Канада.  

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер