Канадскиот премиер Марк Карни во саботата најави воведување контрацарини за стоки од САД, откако Отава се откажа од, како што го нарече, „лошиот договор“ со Вашингтон, со што дополнително се продлабочува трговскиот спор меѓу долгогодишните сојузници.
Преговорите меѓу двете соседни земји пропаднаа во петокот во Вашингтон, по што стапија во сила новите американски царини од 50 отсто за канадски производи во вредност од околу 20 милијарди долари, што претставува околу 5,5 отсто од канадскиот извоз во САД.
Карни најави дека канадските контрамерки ќе стапат во сила на 8 септември и ќе бидат насочени кон американски производи од повеќе сектори, вклучително и челик, млечни производи и електроника.
Канадскиот премиер претходно најави дека неговата земја ќе одговори „долар за долар“ на новите американски царини, додека преговорите со Вашингтон се суспендирани.
Ескалацијата доаѓа по повеќенеделни преговори кои во последен момент пропаднаа, при што двете страни меѓусебно се обвинија за неуспехот.
Спорот дополнително ја загрозува иднината на трговските односи меѓу двете земји и може да ги отежне и пошироките преговори за северноамериканскиот трговски договор.
Слични новости
Нафтата поевтини, европските берзи во плус
Европските акции главно се во плус откако глобалните обврзници се стабилизираа по силната распродажба, а пазарите и натаму ги притиска силната загриженост поради фискалната ситуација во Франција.
Годишната инфлација во еврозоната скокна на 3,8 насто
Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните „флеќ“ проценки порасна од августовските 3,2 насто, на 3,8 насто во септември, така што сега е на највисоко ниво за последните три години, објави денеска Евростат.
Акциите на компанијата „Најк“ од почетокот на годината загубија 45 насто од вредноста
Акциите на компанијата „Најк“ денеска паднаа за околу 10 проценти, откако производителот на спортска опрема објави пад на приходите и прогноза што ги разочара инвеститорите.


