Канада денеска им воведе царини на САД кои се однесуваат на увоз на американски стоки во вредност од околу 20 милијарди долари, соопшти канадското министерство за финансии.

Новите царини се однесуваат на 700 американски прозиводи и се во распон од 15 до 50 насто. Со царините се опфатени челикот, алуминиумот, земјоделската опрема и основни домашни потреби како тоалет хартија, пренесе Би Би Си.

Одлуката на канада уследи откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп виведе царини од 50 проценти на американски стоки и по неуспехот на трговските разговори меѓу канада и САД.

Претседателот на Канадската федерација на независни компании Ден Кели, која претставува повеќе од 100 000 мали и средни претпријатија, изјави дека најновата ескалација во трговската војна кај некои канадски фирми предизвикува чувство дека владата ги третира како потрошен материјал, затоа што царините ќе ги поскапат суровините што се увезуваат од САД.

Компаниите се чувствуваат како топовско месо во трговската војна, а тоа не е добро чуство. Трговската војна меѓу САД и Канада ќе ги погоди малите и средни претпријатија во Канада кои и онака се во тешка позиција, изјави Ден Кели.  

Слични новости

Колони возила на Богородица

Колони возила на Богородица

На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.