САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.
Новите царини, кои стапија во сила ноќеска во 12:00 часот според американско време, ќе влијаат врз трговија вредна 2,2 трилиони долари.

Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека Отава веднаш воведува 25 отсто царини на американски производи во вредност од 30 милијарди канадски долари (20,7 милијарди долари), а ако американските мерки останат во сила 21 ден, ќе бидат воведени дополнителни царини за уште 125 милијарди канадски долари.
Трудо порача дека Канада ќе таргетира американски производи како пиво, вино, бурбон, куќни апарати и сок од портокал. Покрај тоа, премиерот на Онтарио, Даг Форд, за Ен-Би-Си изјави дека е подготвен да ја прекине испораката на никел и електрична енергија во САД како дополнителна одмазничка мерка.
Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум исто така најави дека нејзината земја ќе одговори на новите царини.
Слични новости
Трамп ги удвои царините за канадските метали
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио
Нафтата поскапе кон 70 долари
Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник се тргува внимателно, а берзанските индекси стагнираат, по вчерашниот значителен пад