Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк.
Зголемените американски царини за увозот на челик и алуминиум стапија на сила во средата, давајќи динамика на кампања на претседателот Трамп да ги преуреди глобалните трговски норми во полза на Соединетите држави.
Канада е најголемиот странски снабдувач на челик и алуминиум во САД.

Канадската одмазда е насочена на американски производи од челик во вредност од 12,6 милијарди канадски долари, алуминиумски производи во вредност од 3 милијарди канадски долари и други американски стоки во вредност од 14,2 милијарди канадски долари.
Производите кои се цел на канадските притивмерки вклучуваат компјутери, спортска опрема и производи од леано железо, рече Лебланк на прес-конференција.
Ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Канада дојде оваа седмица додека премиерот Џастин Трудо се подготвува да му ја предаде власта на Марк Карни, неговиот наследник како лидер на владејачката Либерална партија.
Карни во понеделникот рече дека не може да разговара со Трамп додека не положи заклетва како премиер. Американскиот претседател уште еднаш порача на социјалните мрежи дека сака Канада „да стане наша ценета 51-ва држава“.
Слични новости
Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори
На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио
Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски
Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски, ден откако во саудиска Џеда неговите претставници го прифатија американскиот предлог за триесетдневно примирје во војната со Русија