Шлеперите трет ден остануваат паркирани на граничните премини. Камионџиите ги блокираат границите во регионот за товарен сообраќај, незадоволни од правилата за престој во Шенген-зоната, според кои, како и сите граѓани од земјите од Западниот Балкан, може да останат во Шенген зоната најмногу до 90 во 180 дена.

Велат, ние не одиме во ЕУ туристички, туку работиме. Ако половина од времето не може да работиме, бизнисот ќе пропадне. Најавено е дека на протестот ќе се придружат и меѓународните автобуски превозници, чии возачи исто така се засегнати од правилата. Бараат од Европската комисија да направи исклучоци за нив.

Повод за протестот е воведувањето на електронскиот систем за влез и излез во ЕУ, со кој контролите ќе бидат многу поригорозни. Правилото 90 од 180 дена важеше и досега, но ако претходно граничните службеници во ЕУ требаше да им ги бројат печатите во пасошите и поминатите денови, и често им прогледуваа низ прсти, сега системот, кој треба да стапи во сила од 10 април, веднаш ќе ги регистрира пречекорувањата.

Дополнително, со влезот на Хрватска, Бугарија и Романија, Шенген зоната сега е многу поголема. Камионџиите се жалат дека ако ги фати полиција во некоја од европските земји, за пречекување од само еден или два дена ги третира како криминалци.

Веднаш ги притвораат, ги носат во притвор два-три дена, ги третираат како криминалци и после ги депортираат за матичните земји, па дури и им ставаат забрана за влез од 3 месеци до една година, изјави претставник од Макам-транс.

 

Слични новости

ВМРО и СДСМ меѓусебно се обвинуваат за аферата со шверцот на 5 тони марихуана

ВМРО и СДСМ меѓусебно се обвинуваат за аферата со шверцот на 5 тони марихуана

СДСМ соопшти дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче.