Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас ги повика министрите за надворешни работи на земјите членки кои присуствуваа на Минхенската безбедносна конференција да се состанат во недела за да разговараат за односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и за војната во Украина.
Калас го свика состанокот по телефонскиот разговор оваа седмица меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин и неодамнешните американски изјави за Украина, изјави извор од ЕУ за Reuters кој сакал да остане анонимен.
„Целта на состанокот ќе биде размена на информации и проценка на неодамнешните контакти со претставници на американската администрација и со претставници на Украина на Минхенската безбедносна конференција“, се наведува во поканата за состанокот.

Калас претходно изјави дека говорот на американскиот потпретседател ЏејДи Венс на Минхенската безбедносна конференција во петокот делувал како Соединетите држави да „сакаат да се раскараат“ со Европската унија.
„Слушајќи го тој говор, како тие да се обидуваат да се караат со нас, а ние не сакаме да се караме со нашите пријатели“, рече Калас на настанот во Минхен.
Калас додаде дека сојузниците треба да се фокусираат на „поголемите закани како што е руската агресија врз Украина“.
Венс го искористи својот говор на безбедносната конференција за да ја критикува ЕУ за кршење на слободата на говорот на нејзините граѓани и непочитување на волјата на гласачите.
Слични новости
Протест во Кочани, се бара одговорност
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот
Ден на жалост во Црна Гора, Србија и Бугарија поради трагедијата во Кочани
Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени. Во Србија и Бугарија утре ќе биде ден на жалост.
Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра
Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина