Западниот Балкан е многу важен за Европската Унија, бидејќи тој географски и припаѓа на Европа и затоа е многу важно да ги унапредиме нашите односи, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

„Денеска потпишавме договор за партнерство во безбедноста и одбраната со Албанија. Таков веќе имаме склучено и со Северна Македонија, така што има многу простор за соработка“, рече Калас.

 

Посочи дека на Самитот ќе се разговара за повеќе аспекти на соработката со регионот, вклучително и за Планот за раст, нагласувајќи дека Европската комисија и таа лично сакаат да видат напредок во процесот на проширување во следните пет години од нивниот мандат.

Калас додаде дека за време на работната вечера ќе се разговара за руските хибридни активности и за војната во Украина.

„Гледам дека има желба за некакви брзи решенија, но во ваква ситуација кога Русија не сака мир тоа претставува проблем. Со цел да имаме подобри решенија мораме да ја поддржиме Украина колку што можеме повеќе. Колку што таа ќе биде посилна на бојното поле, толку ќе биде посилна и на преговарачката маса, што исто така е во интерес на Европа“, додаде Калас.

Истакна и дека ЕУ постојано се соочува со закани од страна Русија, со кои таа сака да ја заплаши, но дека единствениот одговор на тоа треба да биде дека Унијата не се плаши.

Во однос на Сирија, Калас нагласи дека ЕУ ќе работи со своите партнери во регионот на Блискиот Исток, како и со Турција и САД со цел случувањата во оваа земја да се одвиваат во саканата насока.

globe

Слични новости

Ширум Србија со протести се одбележуваат 100 дена од трагедијата во Нови Сад

Ширум Србија со протести се одбележуваат 100 дена од трагедијата во Нови Сад

Илјадници српски граѓани, предводени од студенти, во неделата со протестни собири и блокади на патиштата, оддавајќи им почит на 15-те жртви, одбележуваат 100 дена од смртоносното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад

На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам

На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам

Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не беа регистрирани силни земјотреси, со исклучок на еден од 4,1 степен, иако серијата на помали потреси продолжи, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово изрази умерен оптимизам дека ситуацијата не води кон најлошото сценарио

Обезбедувањето на српскиот претседател на највисоко ниво по инцидентот со службеното возило

Обезбедувањето на српскиот претседател на највисоко ниво по инцидентот со службеното возило

Специјалната безбедносна единица „Кобри“, задолжена за безбедноста на српските претседатели, во случајов актуелниот Александар Вучиќ, го подигнале степенот на заштита на највисоко можно откако експлодирала гумата на службеното возило