Западниот Балкан е многу важен за Европската Унија, бидејќи тој географски и припаѓа на Европа и затоа е многу важно да ги унапредиме нашите односи, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
„Денеска потпишавме договор за партнерство во безбедноста и одбраната со Албанија. Таков веќе имаме склучено и со Северна Македонија, така што има многу простор за соработка“, рече Калас.
Посочи дека на Самитот ќе се разговара за повеќе аспекти на соработката со регионот, вклучително и за Планот за раст, нагласувајќи дека Европската комисија и таа лично сакаат да видат напредок во процесот на проширување во следните пет години од нивниот мандат.
Калас додаде дека за време на работната вечера ќе се разговара за руските хибридни активности и за војната во Украина.
„Гледам дека има желба за некакви брзи решенија, но во ваква ситуација кога Русија не сака мир тоа претставува проблем. Со цел да имаме подобри решенија мораме да ја поддржиме Украина колку што можеме повеќе. Колку што таа ќе биде посилна на бојното поле, толку ќе биде посилна и на преговарачката маса, што исто така е во интерес на Европа“, додаде Калас.
Истакна и дека ЕУ постојано се соочува со закани од страна Русија, со кои таа сака да ја заплаши, но дека единствениот одговор на тоа треба да биде дека Унијата не се плаши.
Во однос на Сирија, Калас нагласи дека ЕУ ќе работи со своите партнери во регионот на Блискиот Исток, како и со Турција и САД со цел случувањата во оваа земја да се одвиваат во саканата насока.
Слични новости
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник