Западниот Балкан е дел од европското семејство и затоа нашата безбедност е неодвоива и нашата соработка е од суштинско значење, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, која вчера во Рим учествуваше на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан и на членките на групата “Пријатели на Западниот Балкан”.
„Во Рим ја повлеков оваа заедничка безбедносна перспектива и нашата надеж за вистински напредок во проширувањето на ЕУ во следните пет години, врз основа на напредокот со реформите“, наведе Калас во објава на Х.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, која исто така учествуваше на средбата, порача дека повеќе од кога било, Западен Балкан треба да се приближи до ЕУ.
„Силен фокус на заедничките безбедносни предизвици и забрзување на постепената интеграција врз основа на спроведувањето на реформите од земјите кандидати“, наведе Кос на Х.
На средбата во Рим учествуваше и заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. Групата „Пријатели на Западниот Балкан” ја сочинуваат Австрија, Грција, Италија, Словачка, Словенија, Хрватска и Чешка.
Слични новости
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии
Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година
Албанските граѓани се рангирани на второто место по Грузијците по бројот на принудни враќања од некоја од земјите на Европската унија во текот на 2024 година.
Црногорските студенти упатија барања до премиерот на јапонски јазик
Црногорските студенти, кои бараат смени на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски