Западниот Балкан е дел од европското семејство и затоа нашата безбедност е неодвоива и нашата соработка е од суштинско значење, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, која вчера во Рим учествуваше на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан и на членките на групата “Пријатели на Западниот Балкан”.
„Во Рим ја повлеков оваа заедничка безбедносна перспектива и нашата надеж за вистински напредок во проширувањето на ЕУ во следните пет години, врз основа на напредокот со реформите“, наведе Калас во објава на Х.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, која исто така учествуваше на средбата, порача дека повеќе од кога било, Западен Балкан треба да се приближи до ЕУ.
„Силен фокус на заедничките безбедносни предизвици и забрзување на постепената интеграција врз основа на спроведувањето на реформите од земјите кандидати“, наведе Кос на Х.
На средбата во Рим учествуваше и заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. Групата „Пријатели на Западниот Балкан” ја сочинуваат Австрија, Грција, Италија, Словачка, Словенија, Хрватска и Чешка.
Слични новости
Поради Курти, Косово остана без поддршката на НАТО, САД и ЕУ, вели Харадинај
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска го обвини премиерот Албин Курти дека со својата политика ги поделил граѓаните на Косово и ја оставил земјата без поддршка од НАТО, САД и Европската Унија
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ поради гласањето за реолуцијата во ОН
Кремљ во вторникот соопшти дека го прифаќа извинувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ еден ден претходно за гласањето на Србија за европска резолуција во ОН на годишнината од руската инвазија на Украина, велејќи дека тоа е „грешка“ што тој не можел да ја контролира поради премногу обврски.
БиХ: Се вжештува атмосферата во исчекување на пресудата за Додик
Босна и Херцеговина го исчекува објавувањето на пресудата оваа седмица од судскиот процсез на политичкиот лидер на босанските Срби, Милорад Додик, кој ветува „одговор“ и предизвикува страв од ескалација три децении по војната