Западниот Балкан е дел од европското семејство и затоа нашата безбедност е неодвоива и нашата соработка е од суштинско значење, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, која вчера во Рим учествуваше на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан и на членките на групата “Пријатели на Западниот Балкан”.

„Во Рим ја повлеков оваа заедничка безбедносна перспектива и нашата надеж за вистински напредок во проширувањето на ЕУ во следните пет години, врз основа на напредокот со реформите“, наведе Калас во објава на Х.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, која исто така учествуваше на средбата, порача дека повеќе од кога било, Западен Балкан треба да се приближи до ЕУ.

„Силен фокус на заедничките безбедносни предизвици и забрзување на постепената интеграција врз основа на спроведувањето на реформите од земјите кандидати“, наведе Кос на Х.

На средбата во Рим учествуваше и заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. Групата „Пријатели на Западниот Балкан” ја сочинуваат Австрија, Грција, Италија, Словачка, Словенија, Хрватска и Чешка.

globe

Слични новости

Додик не се откажува, прави планови за блокирање на владините тела на БиХ

Додик не се откажува, прави планови за блокирање на владините тела на БиХ

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, започна кампања со цел да ги убеди сите Срби вработени во владините тела на Босна и Херцеговија да ги напуштат своите работни места, ветувајќи им дека во тој случај ќе им најде работа и ќе им даде повисоки плати

Во судири ексалираа протестите во Атина поради смртоносната железничка несреќа

Во судири ексалираа протестите во Атина поради смртоносната железничка несреќа

Судири избувнаа во петокот во Атина кога стотици илјади луѓе се собраа ширум Грција за да побараат правда на втората годишнина од најсмртоносната железничка несреќа во историјата на земјата, а штрајковите на вработените во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт ја парализираат земјата