Израелските напади врз Сирија и Либан може да доведат до „нова ескалација“ во регионот, изјави во понеделникот во Ерусалим шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, по пристигнувањето во Израел, таа најави дека од одговорните ќе побара „итно враќање“ на примирјето во Газа.
„Воените акции мора да бидат пропорционални, а израелските напади врз Сирија и Либан ризикуваат да предизвикаат нова ескалација“, рече Калас на прес-конференција со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар.
„Сметаме дека овие дејствија не се неопходни бидејќи Сирија во моментов не го напаѓа Израел, а тоа ја поттикнува радикализацијата која, исто така, е насочена против Израел“, рече Калас.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност синоќа по пристигнувањето во Израел изјави дека страдањата мора да завршат во Појасот Газа.
Калас рече дека ќе бара „итно враќање“ на договорот за прекин на огнот за да се запре „уништувањето на Појасот Газа“.
„Израелската воена офанзива предизвика ужасни загуби на животи. Сѐ додека оваа војна продолжува, двете страни ќе губат. Израел има право да се брани, но мора да ги почитува цивилните животи и хуманитарното право. Заканите за анексија на делови од Појасот Газа се неприфатливи“, додаде таа.
Високата претставничка на ЕУ рече дека во разговорите со израелските и палестинските претставници ќе ја нагласи потребата од итни преговори, истакнувајќи дека „уништувањето на Газа само ја поттикнува радикализацијата“.
Во Израел, Каја Калас ќе се сретне и со претседателот Исак Херцог и со лидерот на опозицијата Јаир Лапид, додека на палестинска страна ќе разговара со претседателот Махмуд Абас и премиерот Мохамед Мустафа.
По соборувањето на Башар ал=Асад од власт во Сирија во декември, Израел изврши десетици напади врз воените позиции на поранешниот сириски режим, тврдејќи дека не сака оружјето да заврши во рацете на новите власти кои ги смета за џихадисти. Израелската дипломатија, исто така, смета дека привремениот сириски претседател Ахмад ал-Шара е „волк кој се преправа дека е јагне“.
Израелската армија ги распореди своите сили во демилитаризираната зона на Голанската висорамнина. Новите сириски власти ја осудија „агресијата што е дел од израелската кампања против сирискиот народ и стабилноста на земјата“.
Исто така, и покрај прекинот на огнот со Хезболах, кој стапи на сила на 27 ноември, Израел редовно го напаѓа Либан, гаѓајќи ја инфраструктурата или членовите на Хезболах поддржан од Иран.
Слични новости
Гутереш го отфрли предлогот на Путин ОН да управуваат со Украина
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш не гледа потреба од нови избори во Украина под надзор на Обединетите нации, отфрлајќи го предлогот на рускиот претседател Владимир Путин
ЏејДи Венс слета на Гренланд и покрај негодувањата
Американскиот потпретседател ЏејДи Венс слета во петокот на Гренланд додека претседателот Доналд Трамп продолжува да инсистира Вашингтон да ја преземе контролата врз полуавтономната данска територија
Најмалку 12 загинати во земјотресот во Мјанмар, потребна е итна помош
Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар