Адаптацијата на филмот од 2010 „Како да го тренирате вашиот змеј“, се очекува да отвори со заработка од 84 милиони долари на Бокс Офисот во САД и близу 200 милиони долари глобално.

Филмот се прикажува во 81 земја надвор од САД каде што се очекува заработката во премиерниот викенд да надмине 114 милиони долари.

Критиките за филмот се извонредмни, тој доби А оценка од публиката и речиси неверојатни 98 насто од Ротен Томејтоус и е привлечен за семејно одење во кино, но и за млади тинејџери.

Лило и Стич по три недели доминација падна на второто место на Бокс Офисот, но и натаму заработува извонредно, а проценките се дека викендов ќе зааботи над 15 милиони долари во Америка и 31 милион долари глобално, со што ќе надмине вкупна заработка од 850 милиони долари.  

 

Слични новости

Актерот Гери Олдман, фудбалерот Дејвид Бекам и музичарот Роџер Далтри ја добија титулата „сер“.

Актерот Гери Олдман, фудбалерот Дејвид Бекам и музичарот Роџер Далтри ја добија титулата „сер“.

По повод роденденто на британскиот крал Чарлс денеска им беше доделена почесната титула „сер“ на Оскаровецот Гери Олдман, фронтменот на групата „Ху“ Роцер Далтри и на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија Девид Бекам.

На Бокс Офисот викендов се очекува да доминира „Како да го тренирате вашиот змеј“

На Бокс Офисот викендов се очекува да доминира „Како да го тренирате вашиот змеј“

Семејниот филм се очекува да доминира на Бокс Офисот од 13-15 јуни со проекција на заработка од 75 милиони долари во премиерниот викенд, но стручњаците најавуваат дека заработката на филмот само во САД би можела да биде и поголема.